Вести Најважни Свет

Макрон: Претседател сум на сите вас

Актуелниот и реизбран претседател на Франција, Емануел Макрон им се обрати на своите поддржувачи во победничкиот говор пред Ајфеловата Кула во Париз, најпрво долго заблагодарувајќи им се за нивните гласови.

Порача дека во наредните 5 години ќе се обиде да ги промени работите во земјата кои довеле до ваква поделеност, алудирајќи на големата поддршка за десничарката Ле Пен.

ви гарантирам големи промени. знам дека многумина гласаа во вториот круг за мене затоа што сакавте да ја блокирате десницата, а не заради мене. должник сум ви и ви благодарам. многумина и не гласаа, и ова мора да го промениме. претседател сум на сите. не чека долга работа, како војната во украина каде мора да се слушне гласот на франција. мора да ја обединиме франција каде ќе живееме сите заедно во слога. нема да е лесно, но мора заради идните генерации, порача макрон.

Говорот беше оценет како трезвен и емотивен. На победничката бина пред Ајфеловата Кула пристигна заедно со својата сопруга Брижит Макрон и опкружен со деца, и проследен со песната „Ода на радоста“ од Лудвиг ван Бетовен.

Макрон освојува втор мандат со 58% од гласовите, Ле Пен заостанува за повеќе од 10%

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе