Украина влегува во третиот месец од војната предизвикана од руската инвазија која го врати часовникот назад, принудувајќи ја Украина повторно да ги живее најлошите ужаси од 20-от век. Илјадници се мртви, милиони се раселени, а градовите се претворени во урнатини, и за нивно подигнување ќе бидат потребни години.


Руската војска е обвинета за воени злосторства по бомбардирањата на родилиштата, како и театарот во Мариупол во кој се криеја стотици цивили. Правејќи урбани опсади убиваа цивили, а за ди скријат злосторствата создаваа масовни гробници. Телата кои беа пронајдени во градот Буча се уште не можат да се идентификуваат..Москва демантира дека е вмешана во наводните убиства на цивили.

Додека се наближуваа до Киев, во обид да го заземат и соборат украинската влада, руските сили се соочија со сериозен отпор од украинските војници, кои поставија цврста одбрана.
Руските сили се повлекоа од северниот дел, но се насочија кон истокот и југот на Украина, во обид да го заземат целосно Донбаскиот регион, на истокот, но и југот, каде се главните пристанишни градови Одеса, на Црното Море и Мариупол на Азовското Море. Во моментов , битките се фокусирани во овој дел од земјата, но дали Украина ќе може да го пружи истиот отпор како за Киев, зависи од тоа колку оружје и воена поддршка ќе дадат западните сили.
Или времето, заморот и намалените залихи на муниција ќе го земат својот данок? Иако војната трае цели два месеца, најавите се дека таа може да трае со години.
Во меѓувреме, мировните преговори стојат во место.
А.Ш.
