Вести Свет Топ вести

Гранатирана Одеса, загина тримесечно бебе

14 – катна зграда е погодена од руски проектил во најголемиот пристанишен град Одеса. Половина зграда нема, а огромен црн чад го обви небото врз градот. Луѓето, од пониските катови во паника почнале да скокаат од прозорците. Загинаа пет луѓе, меѓу нив и тримесечно бебе, над 20 се повредени. На паркингот од зградата има бројни оштетени автомобили. Ништо не е свето, напишаа од кабинетот на претседателот Зеленски, додаваат дека злото ќе биде казнето. Русија се уште не го коментира нападот.

Одеса веќе месец и половина се подготвува за напад од трите страни. На улиците одамна се поставени барикади, а жителите велат дека ќе се бранат. Овој најголем град на Црното море е од стратешко значење за Украина. Ако Русите го освојат ќе ја пресечат Украина од сите снабдувања кои доаѓаат со бродови.

Интензивирани се и руските напади на истокот од Украина. Иако според британското разузнавање, руските напади не се толку ефикасни, сепак украинските власти тврдат дека Челичарницата Азовстал во Мариупол и натаму е цел на воздушен напад, тврди украинската страна.

Непријателот се обидува целосно да го поттисне отпорот на бранителите во Мариупол во областа Азовстал. Продолжуваат со воздушни напади на територија на фабриката, на областа на одбраната на нашите сили и се обидуваат да извршат акти на бура. Нашите дефанзивци се држат и покрај многу тешката ситуација успеваат да изведат контранапад, соопшти ОЛЕКСЕЈ АРЕСТОВИЧ, СОВЕТНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УКРАИНА

Ова значи дека Русија повторно ја менува тактиката, откако во четвртокот претседателот Путин нареди да сопре нападот врз Азовстал, но да остане под блокада, за ниту мува да не прелета. Во Азовстал се кријат илјада цивили и ранети војници.  Под урнатите згради во подрумите на Мариупол има заробено луѓе, а тие одржуваат контакт со цивилите кои им се достапни, велат украинските војници.  Во бункерот на Азовстал има и мртви, но и луѓе со мали бебиња. Денешното видео кое го објавија странските медиуми го прикажува животот на луѓето кои тука се кријат веќе два месеца. Децата остануваат со најведар дух.

Можеме да си играме со телефоните, но сакаме да си одиме дома, сакаме да го видиме сонцето. 

 

 Извадете не од тука, сакаме мирно небо. Сакаме да дишеме чист воздух. Немате претстава што значи за нас храна и сладок чај. Веќе е среќа.

Нема велигденска литургија за Украина. Многу од градовите воведоа полициски час, а на верниците им е кажано да не доаѓаат во црквите, затоа што се можни руски провокации со оглед на тоа што голем дел од верските објекти се веќе уништени.

Наводниот напад врз Одеса доаѓа откако руската војска соопшти дека целта и е да преземе целосна контрола на југот од Украина, исто како и на истокот во Донбаскиот регион.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе