Вести Свет

Земјите од „Квинта“ разочарани од Косовската влада

Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Соединетите американски држави изразија денеска големо разочарување заради одлуката на Косовската влада да го отфрли нивниот, како што велат, конструктивен предлог кој требаше да им овозможи на Србите од Косово да гласаат на изборите во Србија.

Според  претставниците на овие 5 земји, со оваа своја одлука владата на Косово не успеала да демонстрира почитување на принципот за заштита на граѓанските и политичките права на сите свои граѓани, вклучувајќи ги и припадниците на малцинските групи.

Ваквото однесување на Косовската влада ќе ги загрози нејзините Европски аспирации, оценуваат земјите од ткн „Квинта“.

„Од Косово се очекува да се придржува до суштинските вредности и да покаже одговорност кон регионалната стабилност и да ги почитува демократските процеци, како и да биде посветено на зашититата на правата на припадниците на малцинските групи“ – се вели во заедничката реакција на 5-те држави.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе