Владата голем дел од товарот за кризата префрли на бизнисот и граѓаните и повика на солидарност – но премиерот и министрите воопшто не разговарале со солидарноста да тргнат најпрво од себе. Прашањето министрите и сите функционери да си скратат поголем дел од своите плати – односно да земаат минимална плата од 18.000 денари неколу месеци – никогаш не било ставено на дневен ред на владините седници. Министерот за економија Бектеши вели воопшто не разговарале за тоа- но само ако има колективна одлука тогаш ќе ја почитуваат и функционерите од ДУИ.
Вакво прашање не е разговарано во владата, доколку се отвори ние како функционери од ДУИ го покажавме тоа за време на пандемија каде што работевме одредени емсеци кои беа утврдени со минимална плата, но секако ако има таква одлука, колективна од страна на владата зошто да не се почитува.
Од Владата не одговорија конкретно дали функционерите планираат да се фатат и за сопствениот џеб. На прашањата дали размислуваат да земаат минималец, но и да се откажат од користење на службени возила, да скратат и други трошоци кои им ги плаќаат граѓаните и бизнисот, од Владата со одговор:
- Владата во време на криза им наложи на сите институции да ги рационализираат ресурсите и потребите, и да се придржуваат кон насоката за максимално елиминирање на непродуктивните трошоци. Една од основните определби на Владата е за време на тековната криза сите ресори на извршната власт да се сообразат со условите и одговорно, заеднички и солидарно да учествуваат во напорите за надминување на влијанијата на кризата.
Одговори не добивме ниту од ниту од пратениците. Дали се подготвени да работат за минималецот од 18.000 денари кој го изгласаа и да се откажат од патните трошоци за кои сее трошат стотици илјади евра државни пари. Наидовме на молк од сите- ниту од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ ниту од претседателот на Собранието не добивме одговор на нашите прашања.
Слога нема ниту кога станува збор за поделбата на колачот за политичките партии од Буџетот на микнистерството за правда. За годинава се планирани 3,5 милиони евра- но партиите без конкретен одговор дали во име на кризата ќе се откажат од нив.
Од ВМРО-ДПМНЕ на нашето прашање дали ќе се откажат од парите, одговорија со контра прашања за власта, а СДСМ со одговор дека новите владини мерки даваат резултат. Министерот за економија пак не упати одговор да бараме во партијата.
- Дали ќе се откажат партиите од парите од Буџетот поради кризата?
- Денека сум во својство на министер за економија, ќе се обратите до политичките партии и ќе ви дадат конкретенодговор.
Владата донесе 26 мерки за ублажување на последиците од кризата предизвикана од руската инвазија на Украина и пресмета дека ќе чинат 400 милиони евра. Реакциите во јавноста беа дека најголемиот цех од кризата сепак ќе го платат бизнисот и граѓаните- првите преку скратената или анулирана заработувачка- а граѓаните преку ударот врз домашниот буџет од високите цени. Владата не се одлучи да се откаже од својот комфор во име на кризата. Остана само на повик од премиерот Ковачевски до сите функционери – одговорно да ги трошат државните пари.
Александра Филиповска
