Бомбата во беспилотното летало, што на 10 март се урна во Загреб, е со тежина од 120 килограми и експлодирала под земја, објави Ха Те Ве, цитирајќи висок извор од Министерството за одбрана.
Леталото од советско производство удрило во мека почва и затоа експлозијата се случила под земја, а ако паднало на асфалт или бетон би имало катастрофални последици. Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ потврди дека во кратерот се пронајдени траги од експлозив и делови од авиобомба, што укажува дека урнатото летало не било во извидничка мисија. Според дел од воените аналитичари не станува збор за авиобомба, туку за експлозија за самоуништување на опрема и податоци. Денеска специјални единици ги извлекуваа остатоците од леталото..
Пронајдена е црната кутија, која треба да открие повеќе детали. Пред да се урне на хрватска територија, дронот кој е од советско производство долетал преку Романија и Унгарија.
