Вести Свет Топ вести

Почина трудницата чија фотографија го обиколи светот по бомбардирањето на родилиштето

Почина бремената жена чија фотографија го обиколи светот по руското бомбардирање на родилиштето во Мариупол, јавува Асошиејтед прес.

Токму, Асошиејтед прес ја сними трудницата, како спасувачите ја носат на носилки низ урнатините до возило на Итната медицинска помош додека таа го гали својот крвав труднички стомак, а нејзиното бледо лице го одразува шокот поради она што се случило.

Жената била итно пренесена во друга болница, но поблиску до линијата на фронтот, каде лекарите се труделе да ја одржат во живот. Сфаќајќи дека го губи своето бебе таа извикала: „Убијте ме сега!

Хирургот Тимур Марин открил дека карлицата на жената и била смачкана карлицата и ѝ бил изместен колкот. Лекарите го породиле бебето со царски рез, но тоа „не покажувало знаци на живот“. По 30 минутната реанимација и на мајката, и таа починала.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе