Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика НАТО да воспостави зона на забранети летови над неговата земја, предупредувајќи дека во спротивно „руски ракети“ би можеле да паднат врз неговите земји-членки.
„Ако не го затворите нашето небо, прашање на време е кога руските проектили ќе почнат да паѓаат на ваша територија, на територијата на НАТО“, рече Зеленски во видеото објавено нешто по полноќ.












