Вести Свет Топ вести

ВИДЕО: Руси со воздушни удари врз облакодери во Мариупол

Би-би-си пишува дека видеото на кое се гледа бомбардирањето на облакодерите во Мариупол е автентично и дека бомбардирањето се случило вчера.

Би-би-си додава дека Русите цел ден интензивно го напаѓаат Мариупол.

На снимката се гледаат два облакодери погодени од ракета.

 

Доколку нема евакуација, Мариупол е во опасност од катастрофа

Украинските власти проценуваат дека од 2 март во руските напади загинале 2.187 цивили.

Црвениот крст неодамна предупреди на катастрофа што им се заканува на жителите на градот доколку не се договори примирје во кое тие би можеле безбедно да го напуштат градот. Тие објавија дека телата лежат на патиштата и под урнатините, а жителите се речиси без храна, вода и лекови бидејќи хуманитарниот конвој заглавил на околу 70 километри.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе