Вести Економија Македонија Топ вести

Повисоки цени на производите за кои државата го укина ДДВ и ја замрзна маржата

Говедското поскапо за 100 денари, пилешкото за 60 а табла јајца за 40 денари.  Веб сервисот ценометар. мк направи истражување во најголемите маркети во Македонија, кое покажува драстично поскапување на многу производи за кои беше укинато ДДВ и замрзнати маржите.

Табла јајца која се продаваше за 172 денари, сега е 225. Малото пакување јајца е поскапено за околу 10 денари. Поскапени се и замрзнатите батаци за 10 до 20 денари, како и рибата Ослич.

Пивата се поскапи за околу 10 денари за литар, брашното тип 400 и зејтинот кои требаше да се продаваат по набавна цена или се повлечени од рафтовите или се поскапени за околу 10 денари, зависно од маркетот.

Кај овошјето и зеленчукот нема значителни промени, но најчесто ги нема на рафтовите.

Заклучокот на истражувачите е дека ценовната спирала е ослободена без контрола а граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

ПИОМ е неликвиден, доцни со уплатите во вториот пензиски фонд и во ФЗО

Дејан Дејан

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе