Вести Свет

Рускиот опозиционер Навални ги повика граѓаните на антивоени протести в недела во Москва и други градови во Русија

Најостриот критичар на Кремљ, Алексеј Навални повика на антивоени протести во Москва и другите градови в недела.

„Лудиот манијак Путин мора многу брзо да биде запрен од народот на Русија сега ако се спротивставиме на војната“, се вели во пораката на Инстаграм профилот на Навални.

„Треба да одите на антивоени собири секој викенд, дури и ако се чини дека сите или заминале или се исплашиле…Вие сте столбот на движењето против војната и смртта“.

Повикот е упатен преку социјални мрежи.

Русија започна инвазија врз Украина на 24 февруари, најголемиот напад на европска земја, од Втората светска војна.

Мониторинг групата на протести ОВД Инфо тврди дека 13.908 луѓе се приведени при антивоени демонстрации во Русија, од почетокот на инвазијата.

Навални заврши зад решетки минатата година, кога се врати во Русија, по медицинскиот третман во Германија. Ова следуваше по нападот со отров за време на посетата во Сибир во 2020 година.

Руските власти негираа дека извршиле таков напад.

Преку адвокати и сојузници, Навални објавува ставови на социјалните медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе