Вести Свет

Британски министер: Ако Русите нападнат со хемиско оружје, нека бидат подготвени да одговорат

Британскиот министер за технологија Крис Филип изјави дека одговорот на Русија ќе биде „драматично зајакнат“ доколку употреби хемиско оружје во Украина.

„Ако го сторат тоа, тоа ќе биде злосторство против човештвото. Ова е линија што руските власти не треба да ја преминат“, додаде тој.

„Би му рекол на секој во Русија кој размислува за ова: не ја преминувајте таа граница, не предизвикувајте поголема беда и страдање на украинскиот народ“, рече Филип.

„Веќе пукавте во цивили кои бегаат низ хуманитарни коридори, бомбардиравте болници, породилишта, не му нанесувате дополнителна болка на украинскиот народ“, додаде британскиот министер.

„Ова ќе предизвика засилен одговор од Западот, драматично засилен одговор, без сомнение. „Нема да шпекулирам во каква форма ќе биде тој одговор, но тоа е границата што Русите не треба да ја преминат“, изјави министерот за Радио Тајмс, пренесува Гардијан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе