Вести Економија

Инфлацијата во еврозоната двојно повисока од првично предвидената

Европската централна банка денеска ги зголеми проценките за инфлација во еврозоната, најавувајќи дека може да ги прекине монетарните стимулации во третиот квартал, и покрај проценките дека руско-украинскиот конфликт негативно ќе влијае на економијата.

ЕЦБ сега проценува дека инфлацијата ќе биде повеќе од двојно повисока од овогодишната цел од два отсто и би требало да остане над тоа ниво следната година, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард на прес-конференција.

За оваа година банката проценува дека во просек ќе изнесува 5,1 отсто, што е значително повеќе од проектираните 3,2 отсто на декемвриската седница. Во 2023 година би требало да падне на 2,1 отсто и да биде за 0,3 процентни поени повисока од прогнозата во декември.

За 2024 година, проектираната стапка на инфлација е зголемена за 0,1 процентен поен, на 1,9 отсто.

Руско-украинската војна „значително ќе влијае на економската активност и инфлацијата преку повисоки цени на енергијата и стоките, нарушување на меѓународната трговија и послабата доверба“, предупреди Лагард.

Степенот на тоа влијание ќе зависи од развојот на конфликтот, влијанието на сегашните санкции и можните дополнителни мерки, додаде таа.

Лагард сепак рече дека Управниот совет на ЕЦБ „верува дека има се поголеми шанси инфлацијата да се стабилизира на целта од два проценти на среден рок“.

Банката денеска ја намали прогнозата за раст на економијата на еврозоната во оваа година за половина процентен поен на 3,7 отсто. Прогнозата за следната година е намалена за 0,1 процентен поен, на 2,8 отсто, додека за 2024 година е потврдена на 1,6 отсто.

Српската влада привремено забрани извоз на основните земјоделски прехранбени производи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

До каде се ветените средства за споменикот на 63-те загинати – прашање на родителите од Здружението „16 март“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе