Вести Најважни Свет

Лавров и Кулеба не постигнаа никаков договор

Час и половина траеше средбата меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба.

Двајцата министри се сретнаа во Анталија на маргините од дипломатскиот самит, каде што разговараа за повеќе теми, вклучително и можната средба меѓу претседателите Владимир Путин и Владимир Зеленски. Сепак, Кулеба рече дека преговорите со Лавров биле тешки, разговарале за хуманитарни коридори и прекин на огнот, но не бил постигнат договор. Лавров рече дека е подобро да има студен мир отколку студена војна. Вели дека Русија не ја нападнала Украина, а за нападот на педијатриската болница во Мариупол рече дека наликува на уште едно патетично однесување од страна на Украина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе