Вести Економија Македонија Топ вести

Од денеска основните производи со помала маржа

Новата  Одлука за посебните услови за трговијата на одделни стоки, е објавена во Службен весник , со што стапува на сила.

Со неа, се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата на: леб, масло за јадење, брашно од пченица, шеќер, кравјо млеко, свежо месо; сувомеснати производи, сирење, урда, македонски ориз, јајца и тестенини.

Највисоката трговска маржа за овие стоки ќе биде до 4% на продажната цена во трговијата на големо, односно до 3% на продажната цена во трговијата на мало. Производителите се опфатени во трговијата на големо.

Во продажната цена се вклучени сите производствени и оперативни трошоци. Белиот леб, сончогледовото масло за јадење и пченичното брашно ќе се продаваат во трговијата на мало по набавна цена, без трговска (профитна) маржа. Ограничувањето на маржата на овие стоки ќе важи до 31 мај годинава.

Ценовниот шок владата ќе го ублажува со 400 милиони евра, пакетот содржи  28 антикризни мерки и препораки. Без ДДВ ќе се продаваат лебот, шеќерот, брашното, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата, а останува и замрзната маржа за основните производи, освен за овошјето и зеленчукот.

Се намалуваат и акцизите за горивата, но мерките на сила ќе стапат, откако ќе го поминат собранискиот филтер.

Инфлацијата во еврозоната двојно повисока од првично предвидената

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе