Вести Свет Топ вести

Британско Министерство за одбрана: Мал напредок на рускиот конвој оди кон Киев

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство соопшти дека голем руски конвој северозападно од Киев постигнал мал напредок за повеќе од една недела и претрпува континуирани загуби и дека интензитетот на руската воздушна активност е помал.

Како што се зголемува бројот на руските воени жртви, претседателот Путин ќе биде принуден да ги повлече силите од сите гранки на руските вооружени сили и други извори за да ги надомести загубите, се вели во соопштението на британското Министерство.

Исто така, во последните денови има значително намалување на вкупната руска воздушна активност над Украина, се додава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе