Вести Свет

Собир за мир во Украина пред Советот на Европа

Околу 200 претставници на Советот на Европа, меѓу кои Украинци и Руси, се собраа пред Советот на Европа, за мир и во име на вредностите на оваа организација која ги гарантира човековите права на континентот.

-Како граѓани на земјите-членки и едноставно како луѓе (…), не можеме да молчиме, им порача Станислас Фросард, претседател на персоналот на Советот, на собраните пред паневропската институција со седиште во о Стразбур.

„Денеска ние страдаме со сите наши колеги и со сите засегнати популации, но исто така можеме да бидеме горди што работиме за организација која се соочува со своите одговорности и чии вредности на демократијата, човековите права и владеењето на правото се повеќе важно од кога било“, додаде тој.

Неколку вработени носеа плакати на кои пишуваше, „Солидарност за единство на мирот“. Во толпата беа присутни неколку Украинци, како и неколку Руси, наведе портпаролката на Советот.

-Моето лично чувство е дека Русите кои се тука треба да ги бранат вредностите на организацијата, тоа не се Русите кои го поддржуваат режимот во Русија, објаснува Николас Сорочински, француски Украинец од Одеса, изненаден од големината на оваа војна.

Советот на Европа обединува 47 земји-членки, вклучувајќи ги Русија и Украина. Ден по почетокот на руската офанзива во Украина, паневропската организација ја суспендираше Москва од какво било учество во нејзините главни органи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе