Вести Економија

И таксистите најавија поскапување на цената на услугите

Дивите таксисти, вртоглавиот раст на цената на цената на нафтените деривати и зголемување на минималната плата го сотре бизнисот со такси превоз во земјава. Асоцијацијата на такси компании денеска од Штип порача дека трошоците им се зголемени за 45 проценти. Побараа намалување на акцизите на нафтените деривати, а инспекторите да излезат на терен за да од улиците ги отсранат дивите таксисти. Кризата и нелојалната конкуренција изминатите месеци натера 20 компании да стават клуч на врата.

Доколку Владата не им излезе во пресрет на барањата очекуваат во наредните две недели да се затворат уште триесетина такси компании во земјава. Снабдувачите на нафтени деривати и остантите фирми со кои соработуваат за одржување на возилата бараат авансно плаќање. Муштерите деновиве ги известиле дека доколку сакаат секојдневен превоз со нив ќе мора да си платат на почетокот, а не на крајот на месецот. Побарале од општините зголемување на цените на такси услугите.

Градски превоз немаат голем дел од градовите во земјава, па такси превозот изминатите децении беше добар бизнис, но со зголемените цени и драстично намалената куповна моќ на граѓаните легалните такси превозници трпат големи загуби. На барањата од денешниот состанок се потпишаа сите претставници, а ги имаше од речиси сите општини.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе