Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата предложи пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за ублажување на економската криза и ценовниот шок

/

Економија

Сподели преку :

Владата донесе 26 мерки за олеснување на економската криза и ценовниот шок тешки 400 милиони евра. ДДВ-то за лебот, шеќерот, брашното тип 400, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата од 5 проценти ќе се намали на 0 проценти, а остнаува и замрзната маржата за основните производи освен за овошјето и зеленчукот.

Ќе се намали и ДДВ-то за струјата, топлинската енергија, и за горивата, како и акцизите за горивата. Но и двете мерки ќе стапат на сила откако ќе бидат усвоени во Собранието.

Меѓу мерките на владата за олеснување на ценовниот шок на граѓаните се најдоа и вредносни ваучери од по 1.000 денари за купување на основни продукти три месеци за 35.000 граѓани и за пензионерите.

Во паниката на бензинските пумпи– купувано по 5 пати повеќе гориво од редовниот промет, премиерот Ковачевски и Бектеши уверуваат нема застој во увозот од Грција

-Ние се снабдуваме со нафта и нафтени деривати преку грчките пристаништа и нема никаков застој во тоа снабдување. Најважно од се е дека во моментот С Македонија непречено се снабдува со нафта и нафтени деривати, одговорија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, на прес-конференцијата на новинарско прашање дали Владата има одговор како… Продолжи со читање

telma.com.mk

Сет мерки се донесени и за помош на стопанстовото во вид на како кредитни линии и субвенции.

Премиерот Димитар Ковачевски, презентирајќи го пакетот мерки кој го нарече најголем по Втората светска војна, рече дека буџетот е ликвиден и стабилен и може да ги финансира мерките, а има и доволно стокови резерви, но повика на штедење и без непотребните трошоци на институциите, локалните самоуправи и јавните претпријатија.