Вести Економија Македонија

Народна банка: Курсот на денарот е стабилен

Kурсот на денарот останува стабилен. Народната банка на Македонија која денеска одржа  седница на Комитетот за финансиска стабилност, преку соопштение информираше дека стабилноста на денарот е гарантиран, како и стабилноста на финансискиот систем, кој е подготвен да одговори на предизвиците што би можеле да произлезат од руско-украинскиот конфликт.

Од Народната банка уверуваат дека сите финансиски услуги непречено се обезбедуваат и ќе продолжат да се обезбедуваат, во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот. Надлежните регулатори, како што се наведува, координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат за прилагодување на политиките во согласност со случувањата и да ја одржат финансиската стабилност која е приоритет.

Девизните резерви на државата се на високо ниво, што ја гарантира стабилноста на денарот, додека домашниот банкарски сектор е сигурен, ликвиден и соодветно капитализиран, подготвен за справување со евентуалните шокови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе