Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ ќе ги заостри санкциите кон Русија и Белорусија поради Украина

/

Свет

Сподели преку :

ЕУ се согласи да додаде уште руски олигарси и функционери на црната листа на санкции, да ја зајакне контролата на трансферите на криптовалути и да го таргетира поморскиот сектор поради војната на Москва во Украина, соопштија дипломати.

Блокот од 27 земји, исто така, даде зелено светло за укинување на три белоруски банки од глобалниот систем за плаќања SWIFT поради поддршката на Минск за нападот на Кремљ, твитна француската мисија, која претседава со ЕУ.