Вести Свет

Британскиот министер: Нема да ја ескалираме војната на начин што не му одговара на остатокот од светот

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс рече дека Обединетото Кралство „ненамерно нема да направи ништо што би можело да ја ескалира војната во Украина на начин кој би бил неприфатлив за целиот свет“.

Шапс изјави за Скај њуз дека сите членки на НАТО „соработуваат заедно“ за ситуацијата во Украина, додавајќи дека западната воена алијанса е „одбранбена организација што значи дека нема директно да биде вклучена во војната“.

Испраќање борбени авиони

Министерот рече дека најавениот заем на борбени авиони најверојатно нема да се оствари, но дека Обединетото Кралство продолжува да „обезбедува огромна поддршка“ на Украина.

Битанскиот министер за одбрана Бен Валас вчера изјави дека ќе ја поддржи одлуката на Полска за испорака на борбени авиони МиГ-29 на Украина, но дека тоа може да ги доведе Полјаците на директна линија на оган од Русија. Се очекува Валас денеска да ги информира пратениците за поддршката на Обединетото Кралство за украинските сили.

Шапс потврди и дека се доделени околу 760 визи за украинските бегалци, што им овозможува да дојдат во Обединетото Кралство и дека се обработуваат уште 22.000 барања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе