Американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека САД забрануваат увоз на руска нафта, природен гас и јаглен.
„Увозот на нафта и друга руска енергија ќе нанесе уште еден удар на воената машина на Путин“, рече Бајден.
„Одбраната на слободата чини“
„Ќе ја почувствуваме цената и овде во САД. Реков дека ќе бидам искрен со американскиот народ од самиот почеток. Кога првпат зборував за тоа, реков дека одбраната на слободата ќе не чини. Тоа ќе не чини во Соединетите Американски Држави исто така. Републиканците и демократите го разбираат подеднакво и се јасни за фактот дека ние мора да го направиме тоа“, рече Бајден.
Зеленски: Америка направи чекор кој значително ќе го ослабне непријателот
„Украинци, денес имаме важна вест. Америка направи чекор кој значително ќе го ослабне непријателот. Што ќе ги натера да платат за агресијата и да одговараат за злосторствата што ги направија“, рече Зеленски во видео пораката во која им се заблагодарува на Бајден и на САД за нивните одлуки да забранат увоз на руска енергија и да им забранат на сите американски граѓани да инвестираат во енергетскиот сектор на Русија.
„Треба да биде јасно, секој денар платен на Русија е претворен во куршуми и проектили кои летаат кон суверени држави“, рече Зеленски.
Тој очекува построги санкции против Русија и од Европската унија; „За агресијата, за злото што го прават.