Вести Свет

Зеленски речиси на сите насловни страни на британските весници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера им се обрати на британските пратеници, а медиумите тоа го нарекуваат историско обраќање.

Тој побара помош од Велика Британија и го повтори барањето кое со денови го повторува, а тоа е зоната на забранети летови над украинското небо. Тој, исто така, ја цитираше изјавата на Вилијам Шекспир „прашањето со кое се соочува Украина овие денови е да се биде или да не се биде“.

Тој ја цитираше изјавата на Винстон Черчил дека Украина ќе се бори против Русија „во шумите, на полињата, на бреговите и на улиците“.

Зеленски се обрати до Долниот дом на британскиот парламент преку видео врска, а цитатот на Черчил ги натера пратениците да му аплаудираат.

Гардијан пишува дека повикот за Черчил бил неодолив за британските медиуми кои токму тоа го истакнале на нивните насловни страници. Некои отидоа дотаму што го нарекоа херој на британскиот парламент.

Колумнист на Гардијан напиша: „Каков силен шок беше да се види како целиот парламент се крева и плеска кога си навикнат политиката да биде само театар“.

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје – нестабилно и во Полог и во Овче Поле

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе