Вести Свет

И Путин со забрана за извоз и увоз на руски суровини и производи, за 48 часа ќе се знае дали и Македонија е на новата црна листа на Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се забранува избор на одредени стоки и суровини откако претходно американскиот претседател Џо Бајден донесе одлука за забрана на увоз на нафта, гас и јаглен од Русија.

Официјалната цел на декретот на Путин е како што е наведено во него, „обезбедување на безбедноста на Руската Федерација и непречено функционирање на индустријата“, објави руската агенција РИА Новости.

Руската влада во рок од 48 часа треба да состави список на стоките и на земјите каде ќе биде забранет нивен извоз.

Забраната ќе важи до крајот на 2022 година. Според РИА Нпвости, забраната за извоз и увоз нема да важи за “руски државјани, странци и апатриди кои ќе ги користат производите за лични потреби”.

Новите мерки, според очекувањата, ќе ги нарушат пазарите, особено тие што се засегнати извозот на гориво. Русија исто така важи и за голем снабдувач и на житарки и метали.

Указот на Путин доаѓа откако американскиот претседател, Џо Бајден, објави дека САД забрануваат увоз на руски гас, нафта и јаглен, а Велика Британија најави дека постепено ќе ја укинува зависноста од руската нафта. И ЕУ планира постепено “ослободување”  од зависноста од руски гас, но првично оценија дека нема да се откажат од руските енергенси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе