Вести Економија Топ вести

Војната во Украина ги затекна инвеститорите

Индексот на светските берзи продолжува да паѓа како последица на војната во Украина а падот веќе е во двоцифрени бројки кај повеќето од нив. Воениот конфликт никој не можеше да го предвиди и ги затекна инвеститорите кои престанаа да тргуваат и се одлучија на безбедни и помалку вносни варијанти.

Колапс на берзите нема да има предвидува Штериев а тука се и заштитните механизми кај повеќето берзи односно запирање со тргување во моментот кога ќе се достигне зададениот лимит на пад или пораст на индексот во тој ден.

Иако никој не може да го предвиди натамошниот тек на настаните во Украина, Штериев смета дека сима можност за инвеститорите да се репозиционираат и да продолжат со купување  на акции од избрани сектори. За импактот од војната ќе треба да се почекаат кварталните извештаи на нашите компании.

Цените на енергенските продолжуваат да растат, дел од нив неконтролирано. Цената на барел нафта на светските безри, кој е унифицирана, денеска се движеше меѓу 122 и 125 долари во зависност од часот на продажба што по вчерашниот ден кога достина и 140 долари за барел е највисока од 2008 година.

Гасот останува најскап енергенс откако германија одлучи да го затвореи Северен Поток 2. Утрово на берзите илјада нормални кубни метри гас чинеа 3.097 долари за ешто подоцна во текот на денот цената да почне да се намалува и да се спушти на 2.121 долар.

Цената на струјата денеска на европската берза го достигна апсолутниот максимум, па еден мегават час на слободен пазар се продаваше за рекордни 584 евра. По четири дена зголемување за утре е најавено дека цената ќе падне за 16 отсто и ќе изнесува 489 евра за мегават час.

А Македонија која е зависна од увоз на струја поради ограничените капацитети за производство продолжува дневно да плаќа милионски суми за увоз на струја која се купува на слободниот пазар. Според официјалните податоци на МЕПСО во понеделникот вкупната поторшувачка била 24,665 мегавати а производството покрило 17.430 мегавати. Разликата од 7.200 мегавати кои се увезени само тој ден државата ја чини 3 милиони и 350 илјади евра.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе