Вести Свет

Почна евакуацијата од Суми и Ирпин

Евакуацијата на цивилите од североисточниот украински град Суми и Ирпин, во близина на Киев, започна, соопштија официјални украински извори. Украинските медиуми објавија снимка од луѓе кои се качуваат во автобуси за да го напуштат градот Суми, пренесе Интерфакс.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека руските сили во Украина го почитувале прекинот на огнот од 8 часот и дека се отворени хуманитарни коридори за евакуација на жителите на Киев и уште четири украински градови, Чернихив, Суми, Харков и Мариупол.

Руси: Некои цивили ќе патуваат низ Белорусија

Русија објави дека цивилите кои ги напуштаат градовите Киев, Чернихив и Харков ќе патуваат во Русија, некои преку Белорусија, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на соопштение на рускиот комитет за хуманитарна координација во Украина.

Меѓутоа, луѓето што ги напуштаат градовите Суми и Мариупол би имале избор да преминат во Русија или во украинските градови Полтава и Запорожје.

Во денешна изјава за локална телевизија, вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук рече дека цивилите ќе почнат да го напуштаат опколениот украински град Суми според договорот со Русија за формирање хуманитарен коридор.

Конвојот тргна во 9 часот по наше време

„Беше договорено првиот конвој да го напушти градот Суми во 10 часот (9 по средноевропско време). По конвојот, локалното население ќе замине со лични возила“, рече Верешчук.

Од Ирпин на северозападната периферија на Киев, илјадници жители вчера се обидоа да побегнат од руското бомбардирање по неофицијален пат за бегство од Ирпин до главниот град Киев. Бегалците кои се обидуваа да побегнат од градот користејќи ги договорените патишта за бегство беа запрени бидејќи патот по кој се упатија беше миниран, соопшти МКЦК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе