Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен руски свештеник бидејќи на миса зборувал против војната во Украина

/

Свет

Сподели преку :

Вчера во Русија е уапсен свештеник кој одржал антивоена проповед, пишува Би-Би-Си, повикувајќи се на активистички групи. Тој денеска треба да оди на суд.

Новинарот на Би-Би-Си од Русија, Андреј Захаров, објави дека свештеникот Џон Бурдин бил приведен набргу откако одржал проповед во една мала парохија во селото Карабаново.

Тој проповедаше против војната, им го опиша на локалното население континуираното гранатирање и уништување на украинските градови, а исто така сподели антивоени слики и петиција на парохиската веб-страница.

Полицијата го обвини за дискредитација на вооружените сили. Станува збор за кривично дело кое Думата го утврди пред само неколку дена.

Во Русија од почетокот на војната се уапсени 13.000 луѓе, а вчера само 4.600.