Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина за запирањена воениот конфликт најверојатно ќе се одржи во понеделник, потврдено е од владини преетсавници од двете страни. Претходните две рунди преговори во Белорусија не донесоа никаков резултат.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во телевизиско обраќање рече дека неговата земја бара посилни санкции против Русија, кои би вклучувале, меѓу другото, исклучување на руската банка Сбербанк од SWIFT, затворање на европските пристаништа за руските бродови, затворање на пристапот на Русија до криптовалути и престанок на купување руска нафта.
Во меѓувреме, пак се назира и подиректно меѓународно посредништво и тоа од Израел.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет ја завршил средбата со рускиот лидер Владимир Путин во Москва, соопшти неговиот кабинет.
Според израелски владин претставник, тој со Путин разговарал околу три часа. А ненајавената средба се одржала со знаење на американската администрација, а дипломатскиот притисок на Бенет, според истиот извор, бил координиран и со Германија и Франција, а израелскиот премиер разговарал теелфонски и со Зелински. Бенет, за кого се смета дека може да биде главниот меѓународен мировен посредник меѓу Москва и Киев, по разговорите со Путин заминал за Берлин.