Вести Свет

Позитивни сигнали за договор за иранската нуклеарна програма

Позитивни сигнали за договор за иранската нуклеарна програма.  Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија соопштија дека постои подготвеност да ги решат преостанатите прашања со „прагматичен“ пристап, надевајќи се дека ќе го обноват нуклеарниот договор од 2015 година.

  • Одлучивме да ги разгледаме прашањата на прагматичен начин темелно, со јасна намера да постигнеме резултат- рече извршниот директор на МАЕЕ, Рафаел Гроси на заедничката прес-конференција со директорот на иранската нуклеарна програма Мохамад Еслами.

Техеран и Вашингтон индиректно преговараа повеќе од 11 месеци во Виена за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили, од кој во 2018 година еднострано се повлече поранешниот американски претседател Доналд Трамп и потоа експресно ги обнови санкциите кон Иран, земјата која оттогаш постепено се повлекуваше од одредени одредби од договорот.

Дипломати од Велика Британија, Франција и Германија со месеци работат во Виена за да посредуваат меѓу делегациите на САД и Иран. Кина, па дури и Русија, им помогнаа во посредувањето, и покрај меѓународното несогласување предизвикано од нападот на Украина. Москва, сега, обара посебни гаранции од САД, како замена за поддршка на нуклеарниот доовор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе