Украинскиот претседател Зелински жестоко ја критикуваше вчерашната одлука на НАТО да не се затвори воздушниот простор над Украина, со гневна порака дека Алијансата ја оставила сама во војната со Русија и дека ќе биде одговорна за секој изгубен живот.
- Девет дена видовме сурова војна. Нашите градови се уништуваат, стрелаат во нашите луѓе и деца, гранатирани се станбени области, цркви, училишта. Се уништува сè што им обезбедува на луѓето нормален живот. Тие сакаат да го продолжат тоа знаејќи дека новите гранатирања и жртви се неизбежни, НАТО свесно донесе одлука да не го затвори воздушниот простор во Украина- Володимир Зеленски, претседател на Украина.
- Веруваме дека земјите-членки на НАТО си создадоа наратив дека затворањето на воздушниот простор во Украина би предизвикало директна агресија од Русија против НАТО. Тоа е самоиндуцирана хипноза на оние кои се слаби и немаат доверба. Иако можат да поседуваат посилно оружје отколку нашето, рече тој.
- Сите луѓе кои умираат од овој ден наваму ќе умрат и поради вас, поради вашата слабост, поради вашиот недостаток на единство. Сè што можеше да направи Алијансата денес беше да помине низ својот систем за набавка 50 тони дизел гориво за Украина. Можеби, за да можеме да го запалиме меморандумот од Будимпешта (безбедносните гаранции од 1994 година дадени на Украина во замена за повлекување на нејзиното нуклеарно оружје од советската ера).
- Денес Алијансата даде зелено светло за бомбардирањето на украинските градови и села со тоа што одби да создаде зона забранета за летови. Можевте да го затворите воздушниот простор. Не знам кого можете да заштитите или дали навистина сте способни за заштита на членките на НАТО. Нема да можете да ни платите со литри гориво за литрите наша крв, пролеана за нашата заедничка Европа и заедничка слобода- – Володимир Зеленски, претседател на Украина.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.