Вести Свет Топ вести

Kолони од илјадници бегалци, претежно жени и деца, ја напуштаат Украина

На централната железничка станица во Лвов колони од илјадници бегалци, претежно жени и деца, кои пристигнуваат од Киев и други градови каде што беснеат борбите.  Чекаат и по десет часа да се качат во возот за да ја напуштат земјата. Волонтери им даваат насоки на луѓето да се приклучат на линијата што чека да се качат на возови за Полска. Детски рачиња  припиени за своите мајки и  поглед вперен во волонтерите.  Деца кои спијат на подот од тунелот, чекајќи да се качат на возот.

За Александра Титјуник, речиси единствен начин да го смири плачот и стравот на своите две деца е да го напушти Запорожје и звукот на сирените.

Не можеа да спијат, вознeмирени се кога ќе ја слушнат сирената. Не сакав да излезам од дома, но моите деца воопшто не спијат и решив да ги одведам, па можеби  конечно ќе заспијат- Александра Титјуник, жителка на Запорожје.

Бројот на оние што пристигнуваат е многу поголем во споредба со оние што заминуваат. Долгите редови се протегаат од тунелите на платформата до надвор од станицата.

Редот е многу голем, и ние се обидуваме да им помогнеме на луѓето колку што е можно повеќе. Даваме се од себе. Возовите доаѓаат, но тоа не е сосема доволно. Премногу луѓе, повеќе луѓе влегуваат отколку што излегуваат, а денес има повеќе луѓе отколку што беше вчера и продолжува да растеВолодимир Джичко, волонтер.

Мајки кои ги држат во прегратка своите деца и поглед вперен кон преполните возови, различни генерации бегалци помагајќи си меѓу себе кои очајно бараат место во возовите  за да ја напуштат Украина по  руската инвазија која трае веќе десетти ден. Ваква е сликата на  централната железничка станица во Киев.

За Анастасија Коломиет, жителка на Киев немаше место да се качи во возот за Лвов, град во близина на границата со Полска.  Ќе го чекам и последниот воз во денот, вели таа.

По Лвов таа планира да ја напушти Украина и не знае кога ќе се врати. Ѝ требаше некое време да се одлучи да замине.

Мислев дека ќе трае помалку денови. Никој не веруваше. Никој не веруваше дека ќе треба да бегаме“- Анастасија Коломиет, жителка на Киев.

Татко кој се збогува со својата 5 годишна ќерка и се обидува да ги сокрие солзите,  да се насмевне низ едно скршено срце и барем за миг таа насмевка да ја смири неговата ќерка. Многу мажи ги испратија своите семејства на релативно безбедно во западна Украина. Многумина донесоа тешка одлука да останат во главниот град и да го одбранат градот од руските трупи кои се приближуваат.

Веста во четвртокот дека избувна пожар во еден од најголемите нуклеарни реактори во Украина, поради руско гранатирање, ја принуди Ксенија да го напушти Киев, губејќи ја надежта дека војната брзо ќе заврши и дека преговорите ќе бидат успешни.

  • „Зошто заминав денес? Затоа што е застрашувачко. Сега постои закана од нуклеарна експлозија. Војниците се приближуваат до Киев, затоа има толпа како оваа. Луѓето само сакаат да живеат“- Ксенија.

Ксенија, исто така, се движи кон запад заедно со нејзините родители. Тие планираат да се доближат што е можно поблиску до границата. Низ плач вели дека единствено што им останува е да се надеваат дека војната наскоро ќе заврши.

Во меѓувреме во  близина на границата на Украина и Полска 12 мали и изнемоштени дечиња со хематолошки заболувања и медицинскиот тим кој се грижи за нивното здравје се обидуваат да ја напуштат Украина и родниот Харков со една цел и надеж дека во Полска ќе ја добијат потребната нега и терапија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе