Британски BBC објави изјави на заменик градоначалникот на Мариупол Серхиј Орлов дека и покрај примирјето руските сили продолжуваат со бомбардирање на градот во близина на евакуациската линија за цивилите.
-Русите продолжуваат да не бомбардираат, користат артилерија. Ова е лудило. Нема прекин на огнот во Мариупол и нема прекин на огнот долж рутата за евакуација. Нашите цивили се подготвени за бегство, но не може да се извлечат додека трае гранатирање, изјавил Орлов за BBC.
Претходно беше договорено примирје за да може да се евакуираат околу 200.000 цивили од Мариупол кој е под опсада на руските воени сили и под постојан напад.

Во тек е примирје во приморскиот град Мариупол во Украина кој повеќе денови е под силни напади на руските воени сили. Во градот има проблеми со снабдување со струја, вода и храна, а според украинските медиуми Мариупол бил под 40-часовни напади и бомбардирања. Околу 200.000 цивили побарале евакуација од градот кој целосно е опколен од… Продолжи со читање












