Вести Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Објавена снимка од руски напад врз татко и син, таткото е убиен

Радио Слбодона Европа објави вознемирувачко видео. Го снимиле синот на убиениот Олег Булавенко. Двајцата евакуирале дел од семејството и се вратиле во градот Иванкив во Киевската област за да ги спасат своите три кучиња.

Успеале да ги земат, но на излез од Иванкив наишле на руски конвој и застанале настрана.

„Закочи и застани настрана. Можеме ли да се вратиме? прашал синот на таткото. Во моментот кога се вратиле назад почнале да пукаат кон нив.

Таткото бил погоден, пишува РСЕ дека подоцна починал од раните.

РСЕ пишува дека провериле и дека во моментот на нападот немало украински сили во близина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе