Вести Свет

Саудиска Арабија се нуди да посредува во украинската криза

Саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Ријад е подготвен да посредува меѓу Москва, Киев и сите страни поврзани со актуелната украинска криза.

Принцот ја повтори желбата на Саудиска Арабија да ја одржи стабилноста на нафтениот пазар и ја нагласи улогата на ОПЕК+ во одржувањето на рамнотежа, нагласувајќи дека е неопходно да се почитуваат договорите во рамки на оваа група, објавија саудиските државни медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин посочил дека е неприфатливо да се политизира прашањето за глобалното снабдување со енергенти.

Како што се наведува, Путин ги претставил и основните пристапи на руската страна во контекст на „тековната специјална воена операција за заштита на Донбас“, се вели во соопштението на Кремљ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе