Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека нема промени во пријавените нивоа на радијација и дека пожарот не ја зафатил основната опрема на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.
Американскиот секретар за енергетика Џенифер Гранхолм рече дека САД го активирале својот тим за одговор на нуклеарни инциденти и го следат развојот на настаните во договор со Министерството за одбрана, Нуклеарната регулаторна комисија на САД и Белата куќа.
NOW – Gunfire, shelling outside Europe’s largest nuclear power plant in #Zaporizhya, Ukraine. pic.twitter.com/WWDutA453A
— Disclose.tv (@disclosetv) March 4, 2022
Реакторите на електраната безбедно се исклучуваат, рече Гранхолм, повикувајќи на прекин на воената акција во близина на централата.
„Руските воени операции во близина на фабриката се непромислени и мора да престанат“, нагласи таа.
МААЕ објави на Твитер дека го ставила во целосна работа својот центар за инциденти и итни случаи од 0 до 24 часот.
Русите ја гранатираа најголемата нуклеарна централа во Европа
Нешто по полноќ по наше време избувна пожар во кругот на нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Европа, покрај која во текот на ноќта се водеа борби на руските и украинските сили.
Украинските власти објавија дека руските сили ја гранатирале нуклеарната централа и дека продолжиле да го прават тоа дури и кога избувнал пожарот.