Вести Свет

На Чесите им беше дозволено да се борат за Украина

Чешките доброволци кои сакаат да одат во Украина за да учествуваат во борбата против руската инвазија нема да бидат кривично гонети, одлучија чешките лидери.

„Можеме да го гарантираме нивниот имунитет врз основа на претседателско помилување“, изјави премиерот Петр Фиала за новинарите по средбата со претседателот Милош Земан.

Законот ги казнува Чесите за учество во странски војски до пет години затвор, а единственото законско решение е да се побара посебна дозвола од претседателот.

Околу триста барања во оваа насока се веќе поднесени, а околу стотина се пристигнати до Министерството за одбрана.

Украина во неделата испрати покана до странците да дојдат и да и помогнат во борбата против руската агресија, која започна на 24 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе