Вести Свет Топ вести

Погледнете ја снимката од гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа

Пожар избувна во најголемата нуклеарна централа во Европа во Запорожје, изјави градоначалникот на блискиот град Енергодар.

„Како резултат на континуираното непријателско гранатирање на згради и единици на најголемата нуклеарна централа во Европа, нуклеарната централа Запорожје е во пламен“, изјави градоначалникот на Енергодар Дмитриј Орлов на својот канал Телеграм.

Тој рече дека тоа е закана за светската безбедност.

Орлов снимил кратка видео порака која ја сподели со неколку локални украински медиуми, апелирајќи до руските војници веднаш да престанат со гранатирање на фабриката.

Веста подоцна ја потврдија и други светски медиуми.

 

 

Орлов претходно изјави дека украинските сили се бореле со руски војници на периферијата на градот и извести дека руската воена колона се упатувала кон нуклеарната централа. Доцна вечерта се слушнаа гласни истрели и ракетирање.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе