Украинскиот преговарач Михајло Подољак со големо жалење изјави дека последните разговори со Русија не довеле до посакуваниот резултат.
Сепак, според Подољак двете страни постигнале разбирање за потребата од взаемно обезбедување на хуманитарни коридори за евакуација на цивили, како и за доставување на лекови и храна до местата каде што се водат најжестоките борби.
Тој додаде и дека постои можност за привремен прекин на огнот во текот на периодот на евакуација во одредени локации.
Двете страни се договориле да ги продолжат преговорите во најблиска можна иднина.
Со 100 гласа „за“ и 3 „против“ усвоена собраниската декларација за нападот врз Украина
