Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата „специјална воена операција“ на Украина „се одвива според планот“.
Путин попладнево имаше ново обраќање до јавноста, откако многу аналитичари сугерираа дека воената инвазија не се одвива според планираното.
Во телевизискиот говор, Путин ги обвини украинските сили дека зеле „илјадници странски граѓани како заложници“ и користат цивили како „човечки штитови“ , иако за овие тврдења тој не обезбеди докази. Путин додава дека никогаше не се сомневал и не отстапил од уверувањето дека Русите и Украинците се „еден народ“ и рече дека „ќе ја уништи оваа „анти- Русија создадена од Западот“.
