Најмалку 18 луѓе загинаа кога рудник за злато во западна Гвинеја се урна оваа недела, изјави владиниот портпарол.
Несреќата се случила во понеделникот во Гауал, на околу 400 километри од главниот град Конакри, каде во последните месеци се собираат рудари во потрага по злато.
Се стравува дека има повеќе загинати
„Во овој момент, 18 тела се извлечени и сè уште не сме готови. Спасувачките операции продолжуваат“, изјави портпаролот на новинарите.
Несреќите се вообичаени во импровизирани илегални рудници низ Западна Африка, каде што работата се врши без доволен надзор и прописи. Најмалку 15 луѓе загинаа во сличен инцидент во рудник за злато во североисточна Гвинеја минатиот мај.
