Јелена Осипова, уметник и активист, беше одведена од полицијата додека протестираше против руската инвазија на Украина во Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин.
Според британски Индипендент, Осипова како бебе ја преживеала нацистичката опсада на Ленинград.
Илјадници луѓе во градовите низ Русија им пркосат на полициските закани и организираат протести против инвазијата на Украина. Властите имаат ниска толеранција за протести и маршеви, а присуството на нив може да има сериозни последици, вклучувајќи парични казни, апсења, па дури и затвор.
