Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повтори барањата на Москва кон Украина за да прекинат насилствата- признавање на отцепените републики во Донбас и денацификација. Тој рече дека на Украинците ќе им биде дозволено да го изберат својот пат понатаму по завршувањето на судирот. Според него Русија не е изолирана има свои бројни пријатели и сојузници на меѓународната сцена.
- Претседателот јасно го изнесе нашиот став. Нашата делегација ги изнесе на преговорите што се одржаа со Украинците во Белорусија. Крим е дел од Русија, признавањето на Доњецката и Луганската народна во границите на овие области, демилитаризација, која мора да има параметри за кои допрва треба да се договориме, но не би требало да постои вооружување коешто може да ја загрози безбедноста на Русија и денацификација, исто како што фашистичка Германија беше подложена на таква постапка- Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работи на Русија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.