Вести Свет Топ вести

Борел ги повика на итен состанок и шефовите на дипломатиите на Украина, САД, Велика Британија и Канада, како и главниот секретар на НАТО

Високиот претставнмик на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ги повика на итен состанок министрите за надворешни работи на земјите членки на унијата на кој се повикани и шефовите на дипломатиите на Украина, САД, Велика Британија и Канада, како и главниот секретар на НАТО.

„Имаме трансатланско единство против руската инвазија и за солидарност со Украина“, напиша Борел на Твитер. Додаде дека на состанокот е повикан и украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулаба, американскиот државен секретар Ентони Блинкен, британската министерка за надворешни работи Лиоз Трас, канадскиот Менали Џоли и главниот декретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Пред состанокот шефовите на дипломатиите на државите членски на ЕУ ќе се состанат и министрите за надворешни работи на 30-те земји членски на НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе