Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Гаф на Бајден: „Путин може да го опколи Киев со тенкови, но никогаш нема да ги освои срцата и душите на иранскиот народ“

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден направи грешка за време на традиционалниот говор во Конгресот за состојбата на нацијата. Тој наместо „украинскиот народ“ рече „иранскиот народ“, во истовреме потпретседателката на САД Камала Харис, која беше позади него се слуша како тивко вели „украински“.

– Путин може да го опколи Киев со тенкови, но никогаш нема да ги освои срцата и душите на иранскиот народ – рече Бајден во говорот, пренесува „Фокс њуз“.

Ова наиде на остри реакции кај политичката опозиција, новинари и на социјалните мрежи.