Претседателот на парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, потврди на социјалната мрежа Твитер, дека неговата земја и официјално поднела барање за членство во ЕУ.
Оваа поранешна советска република во 2008-та година имаше и воен конфликт со Русија, откако официјален Кремљ реагираше во заштита на населението на Јужна Осетија, сецесионистичкиот дел од Грузија, со мнозинско руско население. Јужна Осетија е де факто независна откако во 1990-тата година прогласи независност од Грузија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.