Вести Свет Топ вести

ООН ја осуди руската инвазија на Украина- повика на итно повлекување на нејзините сили и Србија гласаше „за“

Обединетите нации со големо мнозинство ја изгласаа резолуцијата со која се осудува руската инвазија на Украина и повикаа на итно повлекување на нејзините сили.

На вонредната седница на Генералното собрание на ОН, 141 од 193 земји-членки гласаа „за“ резолуцијата, 35 беа воздржани и пет гласаа против.

Во резолуцијата се вели дека ОН „најостро изразуваат жалење за агресијата на Руската Федерација против Украина“.

Србија е најголемото изненадување при денешното гласањето во Генералното Собрание на Обединетите Нации, за резолуцијата со која се бараше да се осуди руската инвазија на Украина.

Најголем дел од државите во светот гласаа за резолуцијата. Против беа некои од најверните руски сојузници – Белорусија, Сирија, Северна Кореја и Еритреја. Големи сили како Кина и Индија, потоа Јужна Африка, Пакистан, Иран, Ирак и Казахстан беа воздржани, заедно со руски сојузници како Монголија и Ерменија. Македонија секако гласаше „за“ резолуцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе