Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Белоруски медиуми: Руската делегација патува кон местото на одржување преговори со украинската страна

/

Свет

Сподели преку :

Белоруската новинска агенција Белта јави дека руската делегација патува на местото каде што ќе се водат преговорите со украинската страна.

Точната локација на разговорите се уште не е откриена.

Разговорите меѓу Украина и Русија ќе продолжат денеска, јави претхдно Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на помошник на украинскиот претседател.

Вториот круг разговори се очекува да го сочинуваат истите претставници присутни на првата рунда разговори во понеделникот.

„Сега е официјално. Втората рунда преговори меѓу Украина и окупаторот ќе се одржи денеска“, изјави за Си-Ен-Ен помошник на Зеленски.

Во понеделникот се одржаа разговори во Белорусија, во близина на границата меѓу Белорусија и Полска.