Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска нема да продолжат преговорите за прекин на огнот

/

Свет

Сподели преку :

Кремљ е подготвен за нова рунда преговири, соопшштио денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, но одби да прецизира на која локација ќе се одржи средбата.

Нашата делегација ќе биде таму доцна попладне. Ќе ги чекаат украинските преговарачи. Нашата делегација ќе биде подготвена да го продолжи разговорот вечерва, рече Песков.

Зеленски вчера децидно кажа, а утринава и повтори, дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да продолжат преговорите. Малку е веројатно дека украинската и руската делегација ќе се сретнат на утрешните планирани разговори, бидејќи барањата на Москва за прекин на инвазијата се „нереални“, соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Најверојатно нема да се сретнат денеска. Можно е да биде одложено за неколку дена.