Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Москва приведени деца кои протестираат против војната

/

Свет

Сподели преку :

Во Москва полицијата приведе пет деца на возраст од 7 до 11 години, кои заедно со нивните родители протестираа против руската инвазија на Украина.

Како што објави белоруската новинарка Хана Лиубакова на Твитер, децата синоќа дошле со родителите во украинската амбасада. Постерите што ги носеле пишувало: „Не на војната“. Полицијата ги уапсила и ги ослободила кога во полициската станица каде што биле приведени дошол адвокат.